Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-75/11

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 107.90 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 8, 2011
  • Последна промена август 1, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-75/11

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не постапил согласно со одредбата од член 95, став 1 од Законот за работните односи со тоа што истиот во случај на отказ на поголем број работници, како што е во конкретниот случај, бил должен за намерата, најдоцна пред донесувањето на одлуката да го извести претставникот на работниците, со оглед на тоа што кај тужениот работниците не биле организирани во синдикат, и со истиот да се советува за начините и мерките за ублажување на штетните последици, што значи дека тужениот бил должен да води сметка лицето кое учествува на советувањето да биде легитимен претставник на работниците, а не е доволно само да има одлука за избор на претставник, која одлука во овој случај била донесена од собирот на работниците на АМСМ на 9.1.2006 година. При ова правилно првостепениот суд ги имал предвид и одредбите од чл. 13, став 3 од Конвенцијата бр. 158 за престанок на работниот однос по иницијатива на работодавачот, кога се во прашање претставници на заинтересираните работници, како и Конвенцијата за работничките претставници бр. 135 на Меѓународната организација на трудот.

Според мислењето на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителите не ни знаеле дека М. А. е нивен претставник, дека за нив истиот бил нивен раководител-претпоставен кој им давал работни задачи и дека тужителите не биле известени 30 дена пред донесувањето на одлуката за престанок на работен однос на поголем број работници, при тоа имајќи предвид дека одлуката била донесена на 30.9.2009 година на иста седница кога биле донесени и програмата за техонолошки вишок, актот за измена на систематизацијата, што всушност е спротивно на одредбата од член 95, став 1 од Законот за работните односи (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1323/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право