Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-739/15

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 154.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 6, 2015
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-739/15

Согласно со чл. 57, ст. 2 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. в. на РМ”, бр. 150 од 29.11.2012 година), како синдикален претставник, се сметаат и функционерите во синдикатот, кои се вработени кај работодавачот, а својата функција ја извршуваат волонтерски.

Работникот (тужителот) на второто изборно собрание на ССНМ и на третото редовно собрание на синдикатот бил избран за член на ИО на синдикатот, а исто така бил и потпретседател на синдикатот.

Работодавачот (тужениот) со дописот на ССНМ пред донесувањето на побиваната одлука, меѓу другото, бил известен и за тоа дека работникот како синдикален претставник и функционер во синдикатот ужива посебна законска заштита согласно со ЗРО и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

При една ваква состојба на работите, односно во ситуација кога работникот-тужителот е функционер во ССНМ за кое нешто бил известен и запознат и работодавачот, работникот уживал посебна правна заштита во смисла на чл. 200 од ЗРО и за откажувањето на неговиот договор за вработување на работодавачот му била потребна согласност од синдикатот, односно судска одлука која би ја заменила таквата согласност согласно предвиденото во ст. 3, 4 и 5 од наведената законска одредба. Како во случајот работодавачот не се обратил до ССНМ и побарал согласност за донесувањето на побиваната одлука, правилен е заклучокот на првостепениот суд дека работодавачот во случајот не постапил согласно предвиденото во ЗРО, односно не приложил докази од кои би се утврдило дека истиот имал побарано и добиено согласност од ССНМ за откажувањето на договорот за вработување или, пак, дека таквата согласност ја надоместил со судска одлука, а кое нешто ја прави побиваната одлука ништовна.

Ова дотолку повеќе што, ССНМ бил формиран како повисок синдикат на работниците во смисла на чл. 184, ст. 1 од ЗРО, односно како посебен облик на здружување на новинарите и медиумските работници, а не бил формиран како сојуз на синдикати, односно како здружување на синдикални организации на ниво на работодавач за да може да се смета дека вработените кај работодавачот немале синдикална организација која пристапила кон истиот, а чиј претставник бил тужителот-работникот. Од друга страна, членови во ССНМ, покрај работникот-тужителот биле и други вработени новинари кај работодавачот, а за кои работодавачот пресметувал и уплаќал членарина на синдикатот согласно чл. 56 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Ценети беа и жалбените наводи на работодавачот дека првостепениот суд при одлучувањето не го утврдил решителниот факт дека работникот сторил тешка повреда на работниот ред и дисциплина, односно неоправдано отсуствувал од работа три последователни дена во периодот од 1.1.2014 година до 25.2.2014 година, а кое нешто и самиот работник го признал во одговорот на дописот на работодавачот и дека работникот воопшто не го оправдал своето отсуство од работа. Меѓутоа, во ситуација кога од досега изнесеното произлегува дека работодавачот при донесувањето на спорната одлука не постапил согласно со чл. 200 од ЗРО, односно не ја запазил во целост постапката која претходела на донесувањето на сега оспореното решение поради што донесената одлука ја нема потребната законска форма, жалбените наводи по однос на утврдувањето на начинот на сторената повреда на работниот ред и дисциплина поради која е донесена одлуката од работодавачот за отказ на договорот за вработување не се од значење за поинакво одлучување. Ова дотолку повеќе што, од договорот за работа и соработка склучен помеѓу работникот и работодавачот не произлегува дека било утврдено местото на вршењето на работните обврски, како и работното време во кое работникот ќе ги извршува истите, односно дека работното време на работникот било флексибилно што произлегува и од доставената електронска евиденција за работното време на работникот.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-841/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право