Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-775/13

  • Version
  • Преземи 43
  • Големина на фајлот 168.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 24, 2013
  • Последна промена август 1, 2022

„(...) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред сè да има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Оттука, произлегува дека од страна на тужениот нема негативно однесување, бидејќи распоредувањето на тужителката (работничката) е дел од овластување на тужениот согласно закон и тоа што тужителката не е распоредена на работно место соодветно на нејзината стручна подготовка – магистер по економски науки, односно тоа што била прераспоредена од работно место асистент на УО до работно место оператор во кол-центар за потрошувачи не претставува елемент на психичко вознемирување, дотолку повеќе што оваа квалификација на магистер по економски науки ја направила во рамките на своите желби, а не во врска со потребите на тужениот, а и самата тужителка во својство на странка навела дека е нормално кога се менува Управниот одбор, претседателот да си донесе свој тим така што и неа ја распоредиле на друго работно место. Елемент на психичко вознемирување не претставува ни тоа што истата била повикувана на состаноци и покрај тоа што имала патолошка бременост и по породувањето ѝ бил вршен притисок.

Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место, за што во конкретниот случај, видно од списите во предметот, нема решение за престанок на работниот однос на тужителката.

Од погоренаведеното, по наоѓање на овој суд, од страна на тужениот не е преземена активност за вршење мобинг. Тоа што тужителката била прераспоредена од работно место асистент на УО до работно место оператор во кол-центар за потрошувачи, односно тоа што не била распоредена на работно место соодветно на нејзината стручна подготовка – магистер по економски науки, не претставува мобинг.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-918/13

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право