Заклучок на Врховен суд од 29.03.2011 г.

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 0.00 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2011
  • Последна промена ноември 13, 2024

Заклучок на Врховен суд од 29.03.2011 г.

„Во судската практика на Врховниот суд на Република Македонија при одлучувањето по вонредните правни лекови – ревизии во работните спорови за поништување на одлуки за откажување на договори за вработување од деловни причини, кои тужениот “Жито Лукс“ АД Скопје ги има донесено како резултат на донесена Одлука за намалување на поголем број на вработени поради технолошки вишок, не постои разлика во одлучувањето и примената на правото, кое е единствено и конзистентно во сите донесени одлуки.

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија нема уставна и законска основа за утврдување на начелен став или начелно правно мислење во врска со предметите на “Жито Лукс“ АД Скопје, кои се однесуваат на работници, на кои им престанал работниот однос поради технолошки вишок.“

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1322/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право