Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.62/2013-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 71.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 28, 2014
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.62/2013-1

Барање за утврдување на репрезентативност;
Докази за исполнување на условите за репрезентативност

„Судот утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 130/2009) по членот 213 се додаваат шест нови наслови и шест нови члена, меѓу кои и насловот „Барање за утврдување на репрезентативност” и член 213-в. (…)

Тргнувајќи од анализата на наведениот член произлегува дека при утврдување на репрезентативност на синдикатот освен списокот на членовите на синдикат кон барањето за утврдување на репрезентативност било потребно до Комисијата да се достават и пристапници на членовите, при што согласно ставот 3 од истиот член по завршување на постапката пристапниците од ставот 2 на член 213-в се враќале на синдикатот.

Судот, исто така утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр.11/2012) било предвидено дека во членот 213-в став 2 точка 2 зборовите „и пристапниците на членовите” се бришат. (...)

Од анализата на наведениот член произлегува дека со измените на Законот за работните односи од 2012 година, обврската за доставување на пристапници на членовите на синдикатот за утврдување на репрезентативност престанала или поточно речено делот од член 213-в став 2 точка 2 „и пристапниците на членовите” не е во правниот поредок.

(...) Судот оцени дека ставот 3 на член 213-в, а кој е оспорен со иницијативата, бил во функција на ставот 2 се до измените на Законот. Со направените измени, оспорениот став 3 на член 213-в ја изгубил својата функција односно станал неприменлив, од кои причини се повредува начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-140/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право