Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.176/2009-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 70.76 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 14, 2010
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.176/2009-1

Трансформација во работен однос на неопределено време

„Врз основа на изнесеното, Судот утврди дека од 5 септември 2008 година е изменет членот 46 со кој се уредува правото на вработување на определено време и негова трансформација во вработување на неопределено време, но ова е поврзано со членот 31 од преодните одредби на измените на Законот со кои за да се оствари правото од членот 46 треба да постојат договори склучени по влегувањето во сила на овој закон, а со тоа правото е резервирано само за идните договорни односи склучени по 5 септември 2008 година.

Со преодната законска одредба од членот 31 од Законот не се дозволува правото на трансформација да се протега на започнатите работни односи договорени пред 5 септември 2008 година, за кои петте години ќе навршат после донесувањето на измените на Законот, односно правото на трансформација повеќе не важи за старите договори со кои работниот однос на определено време започнал да тече пред измените на Законот. Со ова се елиминира еден дел на работници да можат да го користат правото на трансформација на работниот однос од определено на неопределено време.

Од анализата на наведените одредби од Законот за работните односи, Судот утврди дека правото утврдено во членот 46 од Законот за работните односи еднакво се однесува на работниците со ист статус. Статусот на договорен работен однос на определено време да може да се трансформира во работен однос на неопределено време е право утврдено во Законот кој ги опфаќа еднакво сите под исти услови, имајќи притоа во предвид дека ист статус на договорен работен однос на определено време имаат и оние вработени кои склучиле договор пред и оние по 5 септември 2008 година. Статусот на вработен на определено време не е различен од оној кој е стекнат со договор пред или по 5 септември 2008 година, па оттука и не може тој да се разликува, во поглед на остварувањето на правото на трансформација уредено со членот 46 од Законот, туку вработените со овој статус треба еднакво да се третираат, меѓутоа оспорениот член 31 од Законот тоа го попречува. Со оглед на тоа Судот утврди дека членот 31 од наведениот закон не е во согласност со погоре наведените норми од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1794/09
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право