- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 67.46 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 6, 2007
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.170/2006-0-1
Престанок на работниот однос;
Престанок на работниот однос во други случаи предвидени со закон;
Прекин на договорот за работа поради возраст на работникот
„Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот во поднасловот “Прекин на договорот за работа поради возраст на работникот” го содржеше сега поништениот член 104 став 1 (Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.161/2005 од 21 и 22 декември 2005 година) во кој беше предвидено работодавачот да има право да го прекине договорот за работа на работникот кога работникот ќе исполни услови за остварување старосна пензија согласно со закон.
Според оспорениот ставот 2 од членот 104 од Законот, работодавачот на работникот од ставот 1 на овој член може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.
Споредувајќи ја содржината на поништената и оспорената одредба се утврди дека двете одредби имаат релација со прекин на договорот за работа поради возраст на работникот. Меѓутоа, оспорениот став 2 на членот 104 од Законот содржи повикување на ставот 1 од истата одредба кој став повеќе не е дел од правниот поредок, што според Судот нема уставна и правна оправданост, нема целисходност.
Ова од причини што владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија утврдена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот подразбира во правниот поредок да егзистираат само јасни, прецизни и недвосмислени норми. Во случај кога тие во себе содржат некакво повикување, упатување на друга норма, таа неминовно мора да е дел од правниот поредок за да таквото уредување преставува една логична, правно функционална целина, што не е случај со означениот дел на членот 104 став 2 од Законот.
Оттаму, Судот утврди дека означениот дел од членот 104 став 2 од Законот не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
По однос на деловите: „Работодавачот на работникот“ и „може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.“ од истиот член од Законот, Судот со точката 2 од Решението У.бр.170/2006 од 18 април 2007 година одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста.”