Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.111/2006-0-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 87.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 24, 2007
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.111/2006-0-1

Работно време;
Прекувремена работа

„Судот утврди дека прекувремената работа е институт кој се однесува на прашања поврзани со остварувањето на правата на вработените и нивната положба што согласно член 32 став 5 од Уставот се уредува со закон и со колективни договори.

Оттука, максималното траење на прекувремената работа се однесува воопшто, па и за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени, според Судот не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт на Владата на Република Македонија.

При ваква состојба, овластувањето на Владата на Република Македонија со свој акт да го уреди прашањето на прекувремената работа, значи проширување на надлежноста на Владата на Република Македонија и во сферата која согласно членот 32 став 5 од Уставот се уредува со закон и со колективни договори.

Со оглед на наведеното Судот утврди дека членот 117 став 2 во делот: „согласно со акт на Владата на Република Македонија“ од Законот за работните односи не е во согласност со одредбите на Уставот.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.187/2005-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право