Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.187/2005-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 70.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 10, 2006
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.187/2005-1

Право на штрајк;
Права и обврски за време на штрајк

„Разгледувајќи ја оспорената одредба од Законот, Судот оцени дека во основа станува збор за одредба со која се воведува обврска за претходно исцрпување на постапката за помирување пред да се пристапи кон штрајк како средство за заштита на економските и социјалните права на работниците. (...)

Од формулацијата на оспорената одредба на член 236 став 3 од Законот, не произлегува јасно што е предмет на уредување на актот на министерот надлежен за работите од областа на трудот, односно дали со овој акт на министерот ќе се уредат прашања поврзани со штрајкот или пак актот на министерот се однесува на постапката за помирување со цел доуредување на одделни дополнителни прашања од процедурален карактер, специфични за трудовите спорови, како дел од регулативата поврзана со законската рамка на медијацијата.

Според оцената на Судот, овие два институти, имено штрајкот и медијацијата во трудовите спорови се тесно поврзани, од причина што мирното решавање на работните спорови во определени случаи може да има превентивен карактер во смисла на спречување на штрајкот, односно во случај на отпочнат штрајк да претставува средство за разрешување на настанатиот спор по вонсудски пат. Оттука, според Судот, за оцена на уставноста на оспорената одредба од решавачко значење е фактот што и двата институти се однесуваат на прашања поврзани со работните односи, кои пак согласно член 32 став 5 од Уставот се уредуваат со закон и со колективни договори, односно не можат да бидат предмет на уредување со подзаконски акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот. Според тоа, министерот нема уставна основа за донесување на таков акт.

Покрај тоа, Судот оцени дека поради нејасност и непрецизност на оспорената одредба, во која не е утврдено што ќе претставува предмет на регулирање на актот на министерот надлежен за работите од областа на трудот, таа не може да претставува валидна законска основа за овластување на министерот да донесе таков подзаконски акт.

Врз основа на наведеното, Судот утврди дека оспорената одредба на член 236 став 3 во делот: „и акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот” од Законот за работните односи не е во согласност со одредбите од членовите 8 став 1 алинеја 3 и 4, 32 став 5 и 38 од Уставот.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.134/2005-0-0
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право