Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.161/2005-0-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 73.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 22, 2005
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.161/2005-0-1

Престанок на работниот однос;
Престанок на работниот однос во други случаи предвидени со закон;
Прекин на договорот за работа поради возраст на работникот

„Оспорената одредба од законот според Судот, не пропишува еднаква правна положба на граѓаните. Имено, предвидувањето со оспорената одредба од член 104 став 1 од Законот, работодавачот да има право да го прекине договорот за работа на работникот кога работникот ќе исполни услови за остварување на старосна пензија согласно со закон, значи нееднаков однос кон граѓаните по основ на пол, секогаш кога условите за остварување на пензија утврдени со посебен закон се различни за мажите и жените, како што е сега случај во нашиот правен поредок.

Оттука, оспорената одредба од Законот е императивна и им наметнува престанок на правото на работа на жените под различни услови од мажите, односно со навршени 62 години живот, во однос на 64 години живот за мажите.

Тргнувајќи од изнесеното Судот утврди дека оспорената законска одредба не е во согласност со начелото на еднаквост на граѓаните независно од полот и начелото на достапноста на секое работно место секому под еднакви услови.

Притоа, Судот го имаше предвид и член 17 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, односно ставот на Судот изразен во Решението У.бр.107/2004 од 29 септември 2004 година со кое Судот утврди дека правото на осигуреникот жена да стекнува старосна пензија порано од осигуреникот маж е оправдано со принципот на афирмативна акција, односно принципот на позитивна дискриминација на жената, но во сферата на пензиското и инвалидското осигурување, што не може по автоматизам да се применува и во други сфери, особено не ако тоа води кон ограничување на правата по основ на пол. Во конкретниот случај станува збор за остварување на правото на работа кое се разликува од остварувањето на правото на старосна пензија.

Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одредба од член 104 став 1 од Законот за работните односи не е во согласност со означените одредби од Уставот на Република Македонија.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.73/2004-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право