Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.63/2018-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 64.25 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 5, 2018
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.63/2018-1

Стручен испит за безбедност и здравје при работа;
Решение со кое е одбиено барањето за полагање стручен испит

„Оспорениот член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.30/2016) предвидува дека во член 17-ж став (1) зборовите: „Министерот надлежен за работите од областа на трудот или од него овластено лице“, се заменува со зборовите: „Министерството за труд и социјална политика“. Ставот (2) се менува и гласи:

„(2) Против решението на Министерството за труд и социјална политика со кое е одбиено барањето за полагање на стручен испит кандидатот може да поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“.

Меѓутоа, од увидот во Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.192/2015) поточно во членот 3 неспорно произлегува дека во член 17-ж став (1) се брише. Ставот (2) станува став (1).

Од наведеното произлегува дека членот 2 од оспорениот закон менува дел од член од Законот кој повеќе не е во правниот поредок, што според Судот, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, односно со принципот на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните, со што се создава забуна во практикувањето на правото на субјектите кои се засегнати со конкретната правна проблематика.

Оттука, Судот оцени дека членот 2 од оспорениот закон е во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-28/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право