- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 67.48 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 31, 2018
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.12/2017-1
Овластување/дозвола за вршење стручни работи
„Во оспорениот став 6 од членот 45 од Законот е определено дека формата и содржината на барањето од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот, но во ставот 5 од истиот член на Законот отсуствува било какво уредување по однос на ова барање. Во ставот 5 се определуваат рокови за поднесување на жалба од страна на барателот Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Во оспорениот став 7 од Законот е определено дека трошоците за спроведување на постапката од ставот 3 на овој член паѓаат на товар на правното или физичкото лице. Во ставот 3 од членот 45 од Законот, пак, се определени ситуациите кога се одзема дозволата за работа, односно нема регулатива по однос на трошоците за спроведување на постапката.
Оспорениот став 9 од Законот определува дека податоците од евиденцијата на ставот 6 од овој закон се достапни на јавноста. Ставот 6 од Законот содржи овластување за министерот надлежен за работите од областа на трудот да ги пропише формата и содржината на барањето од ставот 5 на членот 45 од Законот (ставот 5 уредува рокови за жалба). Оттаму, ставот 6 нема предмет на уредување поврзан со податоците од евиденцијата.
Од вака направената анализа произлегува дека оспорените ставови 6, 7 и 9 од членот 45 од Законот упатуваат на правни институти кои не се предмет на уредување во нормата на кои се упатува (ставови 3, 5 и 6) што не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, бидејќи таквото несоодветно упатување доведува до правна несигурност, нејаснотии и забуни во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретната правна проблематика.”