Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.213/2011-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 72.54 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 2, 2012
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.213/2011-1

Плата

„Членовите од Прекршочната комисија имаат право на награда за својата работа во Прекршочната комисија што ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работата од областа на трудот која треба да биде разумна и соодветна на значењето, обемот на работата на членовите и сложеноста на прекршоците.

Од анализата на оспорената одредба на член 53 став 8 од Законот, а во корелација со одредбата на Амандман XX на Уставот, според Судот, јасно произлегува дека со оваа измена на Уставот на органите на управата им е воведена нова надлежност, надлежност за изрекување на прекршочни санкции и водење прекршочна постапка.

Тргнувајќи од дадената надлежност, Судот оцени дека водењето на прекршочната постапка и изрекувањето на прекршочна санкција претставува управна функција на органот на државната управа која спаѓа во неговиот делокруг на работа, односно претставува негова надлежност.

Според тоа, вршењето на овие управни функции не може да се смета за дополнителна работа на членовите на Прекршочната комисија кои се вработени во органот на државната управа и не е нешто што е надвор од нивните надлежности. Оттука, членувањето на службените лица во Прекршочната комисија не може да се смета за нивен дополнителен ангажман, туку претставува нивна работна обврска за чие што извршување тие добиваат надомест во вид на плата за извршена работа, а не дополнителен надоместок во вид на награда.

Според Судот, дополнителното парично наградување на службените лица за извршување на работи што спаѓаат во доменот на надлежноста на органот и се негови управни функции, предвидени во член 53 став 8 од Законот, не е во согласност со начелото на владеењето на правото гарантирано со Уставот – член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1630/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право