Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.255/2009-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 75.01 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 7, 2010
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.255/2009-1

Правен лек против решение на Прекршочна комисија

„Од содржината на членот 19 од Законот за управните спорови произлегува дека управниот спор се поведува со тужба, односно во Законот за управните спорови законодавецот оперира со зборот „тужба“, а не „жалба“, што јасно упатува на заклучокот дека зборот „жалба“ во оспорениот член 52 став 10 од Законот, се употребува „можеби поради техничка грешка“.

Во конкретниот случај, со членот 52 став 10 од Законот, а со тоа и со оспорениот дел, не се предвидува поднесување на тужба како што тоа е регулирано во нашиот правен систем, туку поднесување на жалба. Жалбата ја има својата основа во оправданата претпоставка дека првостепената одлука не мора секогаш да биде законита и спроведлива и поради тоа по жалбата одлучува секогаш повисок орган со што се прокламира двостепеноста во одлучувањето како една од гаранциите за остварување на правата и врз закон заснованите интереси. Притоа, ова правно средство остава можност за внатрешно решавање на настанатата состојба. Значи, кога станува збор за заштита на права пред суд, постапката не се поведува со жалба, како што тоа е предвидено во оспорениот дел на членот 52 став 10 од Законот, туку со тужба.

Самото постоење на зборот „жалба“ во оспорениот член од Законот, создава правна несигурност кај граѓаните што е спротивно на начелото на владеењето на правото кое во себе го содржи начелото на законитост, кое начело го обврзува законодавецот да конципира (формулира) прецизни, недвосмислени и јасни норми. Само јасните и прецизните норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување, што во случајов тоа не го обезбедува оспорената одредба од Законот.

Според Судот, оспорениот дел на членот 53 став 10 од Законот, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, односно со начелото на владеењето на правото утврдено како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија."

Разрешување на член на Прекршочна комисија

Оспорената одредба од член 53 став 2 алинеја 4 од Законот, содржи еден од основите за разрешување на член на Прекршочната комисија. Од содржината на оспорената одредба произлегува дека осудата со правосилна судска пресуда за кривично дело, претставува основа за разрешување на член на Прекршочна комисија од тоа како е формулирана одредбата, произлегува дека оспорената одредба се однесува за осуда за кривично дело воопшто, без оглед на неговиот вид, природа или тежина и независно од видот и висината на санкцијата. Според Судот, со тоа се ограничува по сила на закон правото на член на Прекршочната комисија да ја врши оваа должност и во случај кога кривичното дело за кое лицето е осудено не е во никаква врска со вршењето на оваа дејност. Ваквата преопшта формулација на оспорената одредба не е доволно прецизна и јасна и како таква не обезбедува правна сигурност на граѓаните, што е еден од елементите на уставниот принцип на владеењето на правото.

Со оглед на тоа што во оспорената алинеја 4 од ставот 2 на членот 53 од Законот за безбедност и здравје при работа, не се наведени ниту видот на кривичните дела, ниту пак изречените санкции кои во конкретен случај би претставувале основ за престанување на мандатот на член на Прекршочната комисија, според Судот, произлегува дека осудата за кое било кривично дело, на која било кривична санкција е основ за престанок на должноста член на Прекршочната комисија. Поради непрецизноста на одредбата, би можело да настане ситуација осудата за кривично дело кое нема никаква врска со должноста член на Прекршочната комисија, да биде основ за престанок на неговиот мандат.

Имајќи ја во вид формулацијата на наведената законска одредба, а тргнувајќи од уставно-судската анализа, Судот оцени дека истата е недоволно прецизна и јасна и како таква не обезбедува правна сигурност на граѓаните, како еден од елементите на принципот на владеењето на правото гарантирано со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, поради што истата не е во согласност со овој член од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1728/09
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право