- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 73.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 15, 2010
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.82/2010-1
Разрешување на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
„(...) Судот оцени дека делот од одредбата од член 22 став 1 точка 4 од Законот, според која член на Комисијата се разрешува пред истекот на мандатот ако по кој било основ е казнет за дискриминација, не ги задоволува критериумите на јасна и прецизна одредба која обезбедува правна сигурност на граѓаните како елемент на уставниот принцип на владеењето на правото.
Од анализата на оспорената одредба од Законот произлегува дека казнетоста за дискриминација по било кој основ е основ за разрешување од функцијата член на Комисијата, без притоа јасно да се прецизира дека казнетоста треба да биде утврдена во спроведена судска постапка и со правосилна судска одлука за сторено кривично дело и без јасно определување на видот на изречената казна. Ова посебно поради тоа што Уставот, со одредбите од член 13 став 1 и член 14 став 1 ги утврдил двата принципа на казнено-правниот однос, и тоа прво, дека лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука и второ, дека за извршено казниво дело на сторителот може да му се изрече казна што како таква е утврдена со закон или друг пропис. Тоа значи дека согласно наведените уставни одредби казненоправниот однос се исцрпува на релација казниво дело и судски изречена казна за сторителот и дека натамошни последици од неговото извршување, односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изречно утврдено со Уставот.
(...) според Судот, во конкретниот случај станува збор за ограничување на правото на вршење јавна функција, по сила на одредбата на Законот, а не врз основа на правосилна судска одлука, што не е допуштено, поради што Судот оцени дека член 22 став 1 алинеја 4 во делот: „или по кој било основ е казнет за дискриминација“ од Законот, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 , член 13 став 1, член 14 став 1, член 23 и член 51 од Уставот.”