- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 69.91 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 22, 2011
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.173/2010-1
Невработено лице
„(...) со оспореното законско решение според кое статус на невработено лице има само лицето на кое работниот однос не му престанал по негова волја, а не и на лицето на кое работниот однос му престанал по негова волја се доведува во прашање правото на работа и слободен избор на вработување утврдено во член 32 од Уставот.
Правото на работа и слободен избор на вработувањето е операционализирано во Законот за работните односи според кој работниот однос е договорен доброволен однос помеѓу работодавачот и работникот, во кој работникот се вклучува во организациониот процес на работа кај работодавач за плата и други примања.
Договорот за вработување како двостран однос може да биде откажан спогодбено, согласно условите и начинот утврдени во Законот, да биде откажан од страна на работодавачот под услови и начин предвидени со Закон и работниот однос може да биде откажан од страна на работникот повторно под услови и начин утврдени со Закон (член 100). Според тоа, ако работниот однос може да се откаже спогодбено или по волја на работодавачот и во такви случаи работникот стекнува статус на невработено лице и се води во Агенцијата за вработување, но доколку работниот однос е откажан по волја на работникот, тој не може да го стекне статусот на невработено лице, односно не може да се пријави во Агенцијата за вработување, се поставува прашањето која била целта на законодавецот од една страна да му даде право на работникот да може да го откаже договорот за вработување по негова волја, а од друга страна остварувањето на ова право да претставува пречка тој да стекне статус на невработено лице, односно да се пријави во Агенцијата и во таков случај да ги остварува правата во случај на привремена невработеност, ако исполнува одредени услови.
Оттука, имајќи предвид дека Агенцијата за вработување, покрај другото, води евиденција на работодавачите и нивните потреби од работници и евиденција на невработени лица според нивната квалификација, знаење и искуства со цел преку посредување за вработување на работодавачите да им помогне во пополнување на слободните работни места, а на невработените да им помогне да најдат работа, Судот оцени дека со оспорената одредба на извесен начин трпат последици не само лицата кои не можат поради непријавување во Агенцијата да го понудат својот труд на пазарот, туку и работодавачите кои немаат увид односно не се во можност да знаат дека има лица за кои можеби би биле заинтересирани да најдат работа или поточно речено со оспорената одредба на индиректен начин се ограничува правото на движење – флуктуација на работната сила односно се ограничува пазарот на работна сила.
Со оглед на наведеното, Судот оцени дека одредбата од член 53 став 1 алинеја 6 од Законот, не е во согласност со одредбите од Уставот на кои се повикуваат подносителите на иницијативата.”