Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.103/2010-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 70.50 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 22, 2010
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.103/2010-1

Засновање работен однос;
Стапување на работа на невработено лице без договор за вработување

„Оспорениот член 59-а од Законот утврдува дека невработено лице кое ќе стапи на работа кај работодавач без договор за вработување е должно за тоа веднаш писмено да го извести надлежниот инспекциски орган.

(...) според Судот произлегува дека ваквата обврска на граѓанинот, односно лицето кое ќе стапи на работа кај работодавач, не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Ова од причина што на граѓанинот не може да му се востановуваат вакви обврски, бидејќи обврска за контрола на работодавачите за регулирање на правото на лицата кои засноваат работен однос, односно склучување договор за вработување на одредено или неодредено работно време, во смисла на Законот за работните односи, може да ја вршат само надлежните државни институции, односно Државниот инспекторат за труд, но во никој случај тоа не би можело да падне на товар на работникот.

Според Судот, целта на оваа мерка е оневозможување на несовесните работодавачи да вршат експлоатација на трудот и да не ги изигруваат обврските предвидени во Законот. Конкретниот начин преку кој законодавецот сакал да ја оствари целта на воспоставување на социјална дисциплина, според Судот е непропорционална и истовремено претставува оптоварување на граѓанинот, односно работникот. Ова дотолку повеќе што е неопходно взаемно функционирање на институциите на системот и нивно координирано соработување со цел за исполнување на овие предвидени законски обврски. Оттука, востановената обврска со Законот за работникот значи повреда на уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема сигурност во сферата на работните односи.

Ова дотолку повеќе што ниту Законот за работните односи предвидувал ваква обврска на работникот, па со опстојување на оспорената законска одредба, всушност би се довело до постоење на два паралелни, на различни системи на уредување на работните односи, што е спротивно на принципот на владеењето на правото и правната сигурност.

Од друга страна, пак, со оспорениот член 59-а од Законот, според Судот се повредува принципот на заштита на достоинството, бидејќи истиот предвидува работникот всушност сам себе да се пријави.

Тргнувајќи од наведеното, Судот оцени дека обврската за работникот, кој стапува на работа кај работодавач без договор за вработување, писмено да го извести надлежниот инспекциски орган, како и предвидената глоба во оспорениот член 100-б од Законот, не е пропорционална и соодветна, бидејќи таква контрола на работодавачот треба да вршат инспекциските органи, а не работникот.

Тргнувајќи од направената уставно-судска анализа, Судот оцени дека оспорениот член 59-а и член 100-б од Законот, не се во согласност со погоренаведените членови од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-965/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право