- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 66.46 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 24, 1997
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија 183/1997-0-0
Засновање работен однос;
Начин на обезбедување на потребата од работници;
Агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот;
Основач на агенција за посредување при вработување
„Законот определил дека стручните, организационите, административните и други работи што се однесуваат на вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност ги врши Заводот за вработување на Република Македонија чија дејност е од јавен интерес. Понатаму, Законот предвидел можност, работодавецот потребата од работник да може да ја задоволи и преку агенција за посредување при вработување со наплата од работодавецот во согласност со договор склучен меѓу работодавецот и агенцијата.
При тоа законодавецот определил три услови под кои може да се основа агенција и тоа: лицето да е државјанин на Република Македонија, да има најмалку VI степен стручна подготовка и да располага со погодни работни простории во согласност со закон.
Токму одредбата од Законот според која за основачот се предвидува услов да има најмалку VI степен стручна подготовка, Судот оцени дека ја ограничува слободата на претприемништвото на основачот, кој во конкретниот случај е претприемач, надвор од можностите за ограничување на слободата на пазарот и претприемништвото утврдени со Уставот. Имено, основач на агенција за посредување при вработување може да биде секој граѓанин со било какво образование кој ќе има обврска да вработи во агенцијата лица со соодветна стручна подготовка. Во таа смисла се и одредбите од законот според кои одобрение за вршење на посредување за вработување со наплата дава министерот надлежен за работите на трудот. Ова одобрение може да биде одземено ако се утврди дека посредувањето се врши спротивно на одредбите на законот, а увидот во работењето на агенциите го врши Министерството надлежно за работите на трудот.”