Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.180/2008-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 63.41 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 15, 2009
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.180/2008-1

Право на штрајк;
Одлука за одредување вработени заради обезбедување универзална услуга за време на штрајк

„(...) Судот на седницата утврди дека, според содржината на оспорениот член 109 (Обезбедување на универзална услуга за време на штрајк) од Законот, давателите и/или операторите на универзални услуги се должни да донесат одлука со која ќе одредат вработени кои за време на штрајк мораат да обезбедат непречено обезбедување на универзална услуга или исполнување на обврските на операторот согласно со членот 106 од овој закон. (...)

Оспорениот член 109 од Зако­нот ја уредува должноста на давателите и операторите на универзални услуги да донесат одлука, односно подзаконски акт, со кој ќе одредат вработени кои за време на штрајк мораат да обезбедат непречено обезбедување на универзална услуга или исполнување на обврските на операторот. Донесувањето на ваква одлука, според оцена на Судот, остава простор за арбитрерност, бидејќи со законски определената должност за донесување на таква одлука се уредува самото право на штрајк со подзаконски акт, наме­сто со закон и со колективен договор како што бара членот 32 став 5 од Уставот. Ова уште повеќе ако се има предвид дека во оспорениот член 109 од Законот не е содржано поблиско упатување за тоа кои се и каде се содржани критериумите врз основа на кои ќе се определат вработените кои за време на штрајк ќе мораат да го обезбедат функци­онирањето на јавната комуникациска мрежа и давањето на јавната комуникациска услуга за време на воена и вонредна состојба.

Имајќи го предвид изнесеното Судот одлучи дека оспорениот член 109 од Законот не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 32 став 5 и член 38 од Уставот.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.212/2008-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право