- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 65.85 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 29, 2009
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.173/2008-1
Право на штрајк;
Дозволено ограничување на правото на штрајк
„Според членот 32 став 5 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Согласно членот 38 од Уставот, се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Според член 51 став 1 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Тргнувајќи од содржината на наведените уставни одредби, произлегува дека правото на штрајк е едно од основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот. Тоа право, како едно од основните економски и социјални права е уставно загарантирано, при што Уставот препушта со закон и со колективен договор да се уреди начинот на остварувањето на ова право, со цел да не се доведе во прашање остварувањето на другите уставно гарантирани слободи и права. Во оваа смисла, не постои пречка со закон да се уреди начинот на остварување на правото на штрајк во судовите, водејќи притоа сметка при уредувањето на овие односи да не се доведе во прашање уставната гаранција за остварување на правото на штрајк, но и другите со Уставот гарантирани слободи и права.
Со оглед на тоа што делот „и според природата на работите“ на член 33 став 2 од Законот не е поблиску разработен со закон, таквата одредба остава простор за арбитретност од страна на судот при определувањето на овие работи, а тоа Уставот не го дозволува определувајќи дека со закон и со колективен договор се уредуваат условите за остварување на правото на штрајк. Поради тоа, Судот оцени дека наведениот дел од законската одредба не е во согласност со означените уставни одредби.”