Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.74/2008-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 67.52 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 10, 2008
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.74/2008-1

Право на штрајк;
Дозволено ограничување на правото на штрајк

„(...) правото на штрајк е едно од основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот. Тоа право, како едно од основните економски и социјални права е уставно загарантирано, при што Уставот препушта со закон и со колективен договор да се уреди начинот на остварувањето на ова право, со цел да не се доведе во прашање остварувањето на другите уставно гарантирани слободи и права. Во оваа смисла, не постои пречка со закон да се уреди начинот на остварување на правото на штрајк во судовите, водејќи притоа сметка при уредувањето на овие односи, да не се доведе во прашање уставната гаранција за остварување на правото на штрајк, но и другите со Уставот гарантирани слободи и права.

Врз основа на ваквата уставна определба, со Законот за судовите (...) се уредува и работата на судот во услови на штрајк (Глава VII „Судска управа“). Согласно член 98 став 1 од овој закон, за време на штрајк на службениците во судот се извршуваат работите во врска со закажаните расправи и рочишта, односно со јавните седници за донесување и доставување на сите одлуки во законскиот рок. Согласно став 2 на истиот член, во постапките за кои со закон е утврдено дека се итни, односно за работите кои според закон и според природата на работите се нужни, судот е должен да работи и за време на штрајк.

Според Судот, утврдувањето на видот и обемот на работите кои се извршуваат во судот во услови на штрајк, е во функција на обезбедување на неопходното ниво на процесот на работа на судот заради заштита од штетни последици од поголеми размери, како на заедницата во целина, така и на одделни субјекти, при што, со тоа не се задира во правото на штрајк на службениците, туку се уредува начинот на остварување на ова право.

Според тоа, определбата дека за време на штрајк треба да се извршуваат итни и неодложни работи во судот, утврдени со закон, не значи ограничување на правото на штрајк на службениците во судот, затоа што правото на штрајк не може да се сфати како апсолутно право чие остварување може да го доведе во прашање остварувањето на другите со Устав гарантирани слободи и права на граѓаните, чие остварување е, исто така, грижа на државата.

Меѓутоа, определбата дека за време на штрајк се извршуваат и работите кои според природата на работата се нужни, без поблиско законско дефинирање на истите, според Судот, остава простор за арбитрерност од страна на судот при определувањето на овие работи, што Уставот не го дозволува, затоа што условите под кои се реализира правото на штрајк можат да се уредат со закон и со колективен договор, но не и со подзаконски акт.

Поради наведеното, Судот оцени дека членот 98 став 2 во делот: „и според природата на работите“ од Законот за судовите не е во согласност со член 8 став 1 алинеите 3 и 4, член 38 и член 51 и од Уставот.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.16 2008-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право