Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.196/2007-0-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 63.89 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 16, 2008
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.196/2007-0-1

Плата

„(...) Судот на седницата утврди дека во член 28 став 2 точка 5 од Законот за култура (одредбата влегла во сила на 2 август 2003 година) се определува дека директорот на националната установа “донесува акт за систематизација и организација на работните места, односно акт за распределба на плати”;

Според член 32 став 3 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка, а согласно став 5 од истиот член на Уставот остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Од изнесените уставни одредби јасно произлегува дека со закон и со колективни договори се уредуваат правата на вработените и нивната положба, при што на вработените мора да им се обезбеди правото на соодветна заработувачка.

Со оглед на тоа што со оспорениот дел од законската одредба се определува директорот на национална установа да донесува акт за распределба на плати, без притоа Законот да утврди критериуми за определување на платите заради остварување на правото на вработените на соодветна заработувачка, Судот утврди дека оспорениот дел од законската одредба не е во согласност со член 32 став 3 од Уставот на Република Македонија.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.170/2006-0-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право