- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 77.37 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 24, 2013
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.55/2012-1
Статус на вработените во јавните претпријатија основани од Република Македонија
„(...) Законот за јавните службеници има супсидијарна примена, односно тој не се применува и не се однесува за оние прашања за вработените и институциите во јавните служби од наведените дејности, каде со посебни закони и со посебна законска регулатива се веќе на поинаков начин уредени правата и обврските.
Овој закон има општи норми за права и обврски, кои во предметната материја ќе се применуваат доколку тие не се со посебни закони поинаку уредени.
(...) поделбата на правата и обврските за статусни прашања на вработените како јавни службеници, во различни законски решенија, создава правна несигурност, бидејќи Уставот и законите во Република Македонија треба да претставуваат еден конзистентен правен систем со кој ќе се обезбеди остварување на владеењето на правото. Имено, ова прашање на поинаков начин веќе е регулирано со Законот за јавните претпријатија кој претставува lex specialis од причини што со оспорениот член 3 од Законот за јавни службеници е дефинирано дека сите вработени во институцијата јавно претпријатие основано од Република Македонија вршат јавна служба, па се поставува прашањето кои се вработени што вршат работи од јавен интерес и кои се вработени што не вршат работи од јавен интерес, за да се делат на јавни службеници или без тој статус според член 37 од Законот за јавните претпријатија, кога од друга страна со членот 3 од Законот за јавни службеници е дефинирано дека не дел, туку сите вработени во институцијата јавно претпријатие основано од Република Македонија вршат јавна служба што се врзува со статусот јавни службеници со што се нарушува правната сигурност на граѓаните и една од темелните вредности на Уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.
Од изнесените уставни и законски одредби, произлегува дека вработените во јавните претпријатија основани од Република Македонија, како и самите институции кои по природата на надлежностите вршат комунални дејности, по својата положба, права и обврски не можат да бидат под правниот режим на Законот за јавните службеници, ниту од аспект на основањето, вработувањето, финансирањето, правото на плата и надоместоците од плата, надзорот, ефикасноста и одговорноста од работењето, статусот и регистарот на претпријатијата, надзорот над ефикасноста и законитоста на работењето од Државниот комунален инспекторат и други работи кои се веќе комплексно уредени со одредбите од повеќе посебни закони, како што е погоре изнесено.”