Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.42/2012-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 75.05 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2013
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.42/2012-1

Статус на вработените во дејноста наука

„(...) Законот за јавните службеници има супсидијарна примена, односно тој не се применува и не се однесува за оние прашања за вработeните и институциите во јавните служби од наведените дејности, каде со посебни закони и со посебна законска регулатива се веќе на поинаков начин уредени правата и обврските. Овој закон има општи норми за права и обврски, кои во предметната материја ќе се применуваат доколку тие не се со посебни закони поинаку уредени.

Интенцијата на законодавецот, со оспорениот закон, е се она што не било опфатено со Законот за државните службеници да биде регулирано со Законот за јавните службеници како вработени кои вршеле работи од јавен интерес, преку стандардизирање на права и обврски, трансформирајќи ги овие вработени како јавни службеници што работат во јавни служби, и покрај посебно регулираните правни односи во области кои произлегуваат од нормите во материјалното право.

(...) постои некомпатибилност на статусот јавни службеници, државни органи и институции во смисла на Законот за јавни службеници со вработените во науката, јавните научни установи и другите субјекти на научно-истражувачката дејност. Наспроти регулативата во Законот за јавни службеници за вработувањето на јавните службеници по пат на јавен оглас, интерен оглас, распоредување на јавен службеник во истата институција на друго работно место и преземање од една во друга институција, врз основа на општи и посебни услови разработениот законски систем преку Агенција за администрација за спроведување на селекции на кандидати за вработување, преку полагања на општ и практичен дел, и други елементи регулирани во Законот, во правниот поредок на Република Македонија постои и посебниот Закон за научно-истражувачката дејност, кој од свој аспект ја регулира научно-истражувачката дејност без можност таа истовремено да се опфати во административните стандарди на јавните службеници и државни органи и други државни институции.

Ова особено што, меѓу другото, со Законот за научно-истражувачката дејност законодавецот утврдил изборот на кандидатите во научни звања да го врши советот, врз основа на оцена на рецензиона комисија, чии членови се избираат од редот на лица со истражувачки и наставно-научни звања од истата или друга високообразовна, односно научна установа.

Со одредбите од овој закон подробно се регулирани и прашањата кои се однесуваат за начинот и условите за избор на кандидати во научни звања. Имено, овој посебен Закон регулира посебна материја која е специфична по нејзиниот карактер што ја опфаќа законската обработка на уставно гарантираната слобода на научното творештво (член 47 од Уставот). Тука станува збор за научно-истражувачка дејност која се заснова на слобода и автономност на истражувањата и творештвото, поврзаност со образовниот систем, етичност, транспарентност во работата и дисеминација на резултатите, заштита на интелектуална сопственост, што нема конекција со административниот третман во одредбите од Законот за јавни службеници.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-59/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право