- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 86.39 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 15, 2012
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.184/2011-1
Статус на вработените во јавните претпријатија основани од општините, општините на градот Скопје и градот Скопје
„(...) вработените во јавните претпријатија основани од општините, општините на градот Скопје и градот Скопје, како и самите институции кои по природата на надлежностите вршат комунални дејности, по својата положба, права и обврски не можат да бидат под правниот режим на Законот за јавните службеници, ниту од аспект на основањето, вработувањето, финансирањето, правото на плата и надоместоците од плата, надзорот, ефикасноста и одговорноста од работењето, статусот и регистарот на претпријатијата, надзорот над ефикасноста и законитоста на работењето од Државниот комунален инспекторат и други работи кои се веќе комплексно уредени со одредбите од повеќе посебни закони, како што е погоре изнесено.
Со оглед на тоа, Судот утврди дека членот 3 точки 1 и 2 во деловите: „општините, општините во градот Скопје, односно градот Скопје“, и точка 3 во делот: „општините, односно градот Скопје“, од Законот за јавните службеници не е во согласност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 4, членот 51, членот 114, членот 115 и Амандманот XVII од Уставот."
Статус на вработените во дејноста култура
„(...) вработените во културата веќе се со определен правен статус, права и обврски, регулирани во Законот за култура, а со повторното нивно регулирање во Законот за јавните службеници се нарушува веќе постојната правна регулатива од областа на културата во Законот за култура. Законските дефиниции на поимите јавна служба и јавни службеници во Законот за јавни службеници, опфаќа во основа јавни служби за остварување јавни овластувања во име на државата и јавниот службеник има својство во постапките спрема странките и трети лица како репрезент на државата, меѓутоа работникот од културата не е репрезент на државата, не е јавен службеник, нема по правило пренесени овластувања од државата во остварувањето на дејности од јавен карактер, туку вработените во културата веќе имаат правен статус на работници со слобода на научното, уметничкото и другите видови творештво како загарантирано уставно право. Вработените во културата создаваат и негуваат култура и уметност не од позиција на вршење јавно овластување од државата, туку во суштина нивната дејност е создавање на културни вредности и заштита и користење на материјалното и духовното творештво во Република Македонија, па оттука специфичната природа на културата како дејност не може да има вработени како јавни службеници и да биде под правниот режим на Законот за јавни службеници.”