Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.83/2010-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 61.83 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 8, 2011
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.83/2010-1

Плата и надоместоци на плата на јавен службеник

„Според член 32 став 5 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон (став 1); Секој е должен да ги почитува Уставот и законите (став 2).

Од изнесените уставни одредби произлегува дека владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија и дека владеењето на правото се остварува така што законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите, како и така што секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Уставот определува дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и колективни договори.

Имајќи ги предвид изнесените уставни одредби, Судот утврди дека определувањето во оспорената законска одредба, условите и критериумите за правото на плата и надоместоци на плата на јавниот службеник да се утврдуваат и со општ акт на органот на управување, излегува надвор од уставните определби тие права да се уредуваат со закон и колективен договор, поради што оцени дека тој дел од законската одредба не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 32 став 5 и член 51 од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-75/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право