- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 75.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 17, 2003
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.37/2003-0-1
Засновање работен однос на државни службеници;
Јавен оглас објавен во дневните весници за вработување државни службеници
„(...) Од анализата на оспорената одредба од Законот во контекст и на останатите изнесени законски решенија Судот утврди дека Законот ги класифицира државните службеници во групи во зависност од службените задачи кои ги извршуваат и во системското уредување на прашањата кои се однесуваат за засновање на работен однос на државен службеник, ја пропишал постапката за вработување која во основа за сите државни службеници го содржи јавниот оглас објавен во дневни весници.
Врз основа на ваквиот законски концепт, според Судот не постои уставен основ за делот од оспорената одредба од ставот 2 на членот 11 од Законот за државните службеници, со кој сите државни службеници во Кабинетот на претседателот на Републиката, Канцеларијата на претседателот на Владата и Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија можат да бидат вработени без постапка на јавен оглас објавен во дневните весници, кој со законот е предвиден за вработување на државните службеници.
Според уставносудската оценка, овој дел од оспорената одредба од Законот, е во несогласност со уставната определба во членот 32 став 2 од Уставот, дека секому под еднакви услови му е достапно секое работно место. Ова поради тоа што со оспорениот дел од одредбата на Законот се овозможува спротивно на оваа уставна норма, одредени граѓани да можат да се вработуваат на одредени работни места како државни службеници без јавен оглас објавен во дневните весници и на тој начин под привилегирани услови да засноваат работен однос наспроти останатите граѓани кои според Законот, во постапка на јавен оглас во меѓусебна конкуренција претендираат за вработување за државни службеници и според оценка на условите кои тие ги исполнуваат да се врши изборот за вработување. Со оспорената одредба граѓаните се доведуваат во нееднаква положба во поглед на достапноста на работното место државен службеник во зависност од државните органи или стручни служби во кои тие се вработуваат.”