- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 73.74 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 23, 2009
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.206/2008-1
Додаток на плата за работен стаж;
Основица за пресметување на работното искуство на судските службеници и државните службеници
„(...) работното искуство (па со тоа и платата) на судските службеници, како и на државните службеници, се определува врз основа на дел од основната плата-степенот на образованието, додека на другите вработени во јавниот сектор (па и на лицата вработени на технички и помошни работи во судовите, судската полиција), работното искуство се заснова на основната плата (составена од образование и искуство), а пак кај носителите на јавните функции и судиите врз основа на целата плата.
(...) правата на вработените, меѓу кои и правото на плата, се уредуваат со закон и со колективни договори, при што тие права мораат да бидат еднакви за граѓаните независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, со што се обезбедува темелната вредност владеењето на правото. Еднаквоста, пак, подразбира еднакви права за граѓаните кои се наоѓаат во иста положба и различни права за граѓаните кои се наоѓаат во различна положба.
Со оглед на тоа што судските службеници, од една страна, и другите вработени во јавниот сектор, меѓу кои и вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи и судската полиција, од друга страна, се вработени кај ист работодавач и остваруваат средства од ист извор – Буџетот на Република Македонија, Судот оцени дека тие мора да имаат еднаков правен третман.
Имајќи предвид дека членот 41 став 3 од Законот за судска служба определува основицата за пресметување на работното искуство на судските службеници да биде дел од основната плата-степенот на образованието, во ситуација кога на другите вработени во јавниот сектор основицата за пресметување на работното искуство е основната плата составена од образованието и искуството заедно (член 18 од Општиот колективен договор за јавниот сектор), Судот утврди дека таквата законска одредба создава нееднаквост и не го обезбедува принципот на владеењето на правото. Покрај тоа, Судот оцени дека различната должина на работното искуство различно се одразува на образованието, обезбедува различно знаење и резултати во работата, поради што работното искуство треба и различно да се вреднува.
(...) Судот, исто така утврди, по сопствена иницијатива, дека членот 35 став 3 од Законот за државните службеници определува основицата за пресметување на работното искуство на државните службеници да биде дел од основната плата-степенот на образованието, со што и тие вработени се ставени во нееднаква, понеповолна положба во однос на другите вработени во јавниот сектор на кои основицата за пресметување на работното искуство им е основната плата составена од образованието и искуството заедно (член 18 од Општиот колективен договор за јавниот сектор).”