Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.33/2015-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 67.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 3, 2016
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.33/2015-1

Плата;
Основна плата;
Коефициент и бодна ставка

„Врз основа на наведените законски одредби ЈП „Македонски шуми“ - Скопје донело нов Правилник за систематизација на работните места на 09.09.2015 година, кој влегол во сила на 11.09.2015 година, кога е добиена согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација. Сметано од наведениот датум Правилникот за внатрешна организација, систематизација на работните места и исплата на плати при ЈП „Македонски шуми“ ПО-Скопје донесен во 1998 година, на кој се повикува оспорениот член 51 од Колективниот договор, повеќе не е дел од правниот поредок.

Оттаму, престанокот на важење на оспорениот правилник и новиот концепт на утврдување на платите според одредбите од Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, наспроти она што е уредено во членот 51 став 1 од Колективниот договор доведува до несогласност на оспорената одредба од Колективниот договор со Уставот и одредбите од наведените закони. Ова од причина што упатувањето во оспорениот член 51 став 1 од Колективниот договор на бодна ставка, за секое работно место утврдена во органограмот Аналитичка проценка од Правилникот за внатрешна организација, систематизација и исплата на плати на ЈП „Македонски шуми“ претставува упатување на непостоечки акт што може доведува до правна несигурност или пак правна забуна во примената, кое нешто е во спротивност со владеењето на правото, како темелна вредност од членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Исто така, сегашниот модел на утврдување на платите не познава пресметка на платите според коефициенти како што е предвидено во членот 51 став 1 од Колективниот договор, од каде произлегува дека оваа одредба не е усогласена со начинот на пресметка на платите во наведените, актуелни законски одредби.

Судот врз основа на наведеното утврди дека членот 51 став 1 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО-Скопје, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и одредбите од Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.22/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право