Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.54/2008-1

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 66.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 17, 2008
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.54/2008-1

Други надоместоци и додатоци;
Надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство

„Согласно членот 32 став 5 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.

Според членот 12 став 2 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005 и 106/2008), со договорот за вработување, односно со колективен договор не може да се определат помали права од правата утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветни одредби од закон.

Со членот 113 став 1 точка 7 од овој закон, е уредено дека работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за смрт на работникот или член на неговото семејство.

Според членот 2 став 1 од Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија“ број 80/1992, 9/1996, 38/2004, и 33/2006), семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство.

Со наведените закони, кои „lex generalis“ ги уредуваат односите во правото, се определени правото од работен однос за надомест на трошоци поврзани со работата а се однесуваат за смрт на работникот или член на неговото семејство, и е дефинирано семејството како заедничко домаќинство на родители, деца и други роднини кои се во животна заедница.

Судот утврди дека поаѓајќи од наведените права и односи кои се со закон уредени, а со колективен договор не можат да се уредуваат помали права од законски утврдените во правниот систем, членот 21 став 1 алинеја 10 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија не е во согласност со Устав и закон. Ова поради тоа што со оспорената одредба на Општиот колективен договор се уредува право кое не ги опфаќа сите членови на семејството на работникот, туку на дел од нив како членови на „потесно“ семејство, со што се стеснува кругот на лица на кои им припаѓа правото кое е утврдено со закон, и кое се однесува во целост на членовите на семејството, а не на дел од него. Поради тоа оспорениот дел од одредбата од Општиот колективен договор не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 32 став 5 од Уставот, со членот 12 став 2 и членот 113 став 1 точка 7 од Законот за работните односи и со членот 2 став 1 од Законот за семејството.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.37/2008-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право