Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.183/2007-0-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 97.27 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 7, 2008
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.183/2007-0-1

Работно време;
Прекувремена работа

„Со оспорениот став 3 на членот 24 од Колективниот договор на Електростопанство на Македонија, работата преку полното работно време се воведува во определени случаи и доколку истата продолжи наредниот ден, работата на тие работни места, ќе се врши со прераспределба на работното време, на начин што остварените часови на прекувремената работа на работникот му се компензираат со исто толку слободни платени часови (час за час) така што неговото работно време да не биде подолго од 40 часа во работната недела.

Според Судот, со оваа техника не се елиминираат факторите кои доведуваат до прекувремена работа, ниту прекувремената работа како таква во смисла на член 120 од Законот, туку се избегнува плаќањето на прекувремената работа со компензирање во слободни часови. Прераспоредувањето на работното време што како мерка го сугерираат членовите 117 став 5 и 120 од Законот е во функција или на елиминирање на потребата од прекувремена работа подолго од 190 часови, или за елиминирање на прекувремената работа како таква, а не како инструмент кој може да му даде основ на работодавачот на дневна основа фактичката прекувремена работа да ја третира како да не постои. Поради тоа, оспорениот член не е во согласност со член 105, во врска со член 117 став 5 и член 120 од Законот за работните односи.

Освен тоа, според Судот, кога прекувремената работа продолжува наредниот ден, а работодавачот ќе одлучи работата на тоа работно место да не се смета за прекувремена работа, туку само ќе изврши прераспределба на работното време со тоа што остварените часови на прекувремената работа на работникот му се компензираат со исто толку слободни платени часови, не е во согласност со одредбите од Законот за работните односи, од причина што на овој начин работодавачот избегнува да води точно и прецизно електронско евидентирање на прекувремената работа што е предвидено во член 117 став 4 од Законот за работните односи, со што може да се надмине траењето на прекувремената работа над предвидените 190 часа годишно. Ова дотолку повеќе што работодавачот е должен да води посебна евиденција на прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. Доколку тоа не е сторено, согласно член 259 точка 5 од Законот за работните односи, се пропишува казна и за работодавачот и за одговорното лице.

Тргнувајќи од наведеното, Судот утврди дека оспорениот член 24 став 3 од Колективниот договор на Електростопанство на Македонија – АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост, не е во согласност со член 32 од Уставот на Република Македонија и член 105 во врска со член 106 став 3, 117 ставовите 4 и 5 и член 120 точка 1 од Законот за работните односи.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.196/2007-0-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право