Пресуда и Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.60/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.25 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 10, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда и Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.60/2019

„Според овој суд при неспорно утврдени решителни факти дека согласност од Министерството, била дадена за работното место секретар, а тужителката претходно не работела на тоа работното место 2 години, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека во случајов не биле исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката. Оттука неосновани се наводите во ревизијата за погрешна примена на материјалното право, во делот на одбиеното тужбено барање за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време (...).

Второстепениот суд пак од причина што договорот за вработување на неопределено време бил склучен откако била донесена одлуката за трансформација на работниот однос, а таа подоцна била поништена, прифаќа дека сите одлуки донесени врз основа на истата, се ништовни, па затоа го одбива во целост тужбеното барање.

Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, неприфатлив е ставот на второстепениот суд дека со поништувањето на решението за трансформација на работниот однос, по автоматизам станале ништовни и сите други одлуки донесени врз основа на истото, а без притоа да се впушти во оценка на законитоста на побиваното решение за отказ, a во смисла на член 71, член 76 и член 82 од Законот за работни односи, со кои се утврдени причините поради кои работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот. (...)”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.111/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право