Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/20

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 933.90 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 3, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/20

(...) „Првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката го уважил тужбеното барање на тужителот откако утврдил дека тужителот бил вработен кај тужениот на работно место монтажер до 20.02.2017 година кога незаконски му престанал работниот однос. Со пресуда на Основен суд Прилеп РО-765/17 од 07.06.2017 година поништено било решението бр ... од 04.01.2017 година со кое на тужителот му престанал работниот однос кај тужениот како незаконито. Пресудата била потврдена со пресуда на Апелациониот суд Битола РОЖ-413/18 од 18.09.2018 година тужителот на работа кај тужениот бил вратен на 12.01.2019 година.

Од незаконитиот престанок на работниот однос тужителот претрпел штета во периодот од 21.02.2017 година до 01.06.2017 година и од 18.10.2018 година до 12.01.2019 година во вкупен износ од 72.550,00 денари. На име неисплатена плата за периодот од 01.01.2017 година до 20.02.2017 година и за периодот од 12.01.2019 година до 28.02.2019 година кога тужителот работел кај тужениот, требало да му се исплати на тужителот вкупен износ од 42.880,00 денари.

За истиот период тужениот бил должен да ги уплати на име на тужителот придонесите за ПИО, придонесот за вработување и персоналниот данок во износи како биле утврдени од страна на вештото лице со вештачење.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-493/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право