Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-568/20

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 967.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 10, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-568/20

(...) „Првостепениот суд во текот на постапката, а врз основа на изведените докази кој ги ценеше согласно чл. 8 од ЗПП, утврди дека тужителот последно бил вработен кај тужениот врз основа на договор за работа заведен под бр. ... од 20.02.2017 година. Од страна на тужениот на 21.12.2017 година, била донесена одлука за отказ на договорот за вработување на тужителот поради деловни причини и работниот однос на тужителот му престанал на 24.01.2018 година. По донесување на одлуката за отказ била поднесена тужба од страна на тужителот и со пресуда на Основниот суд во Битола РО-373/18 од 01.04.2018 година, одлуката за отказ била поништена и тужениот бил задолжен да го врати тужителот во работен однос на неопределено време на начин што ќе му понудел договор за вработување согласно неговата стручна спрема. Ваквата пресуда е потврдена со пресуда на Апелациониот суд Битола РОЖ-371/19 од 04.07.2019 година и со тоа истата станала правосилна. По правосилноста тужениот со писмено известување од 25.07.2019 година го повикал тужителот за да го врати на работа од 12.08.2019 година, меѓутоа тужителот не склучил нов договор за вработување со тужениот и не се вратил на работа.

Севкупното побарување на тужителот по основ на надомест од незаконит престанок на работен однос согласно вештачењето на вештото лице Т. К. изнесува 277.481,00 денари. Покрај пресметката по овој основ вештото лице се изјасни и по однос на придонесите од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход за периодот од 01/2018 година до 12/2018 година, кои на бруто основица изнесуваат 330.814,00 денари, а за периодот од 01/2019 до 08/2019 на бруто основица изнесуваат 66.712,00 денари. Ваквата пресметка вештото лице Т. К. ја изготвила согласно последниот договор за работа склучен помеѓу странките од 20.02.2017 година. Вештото лице А. Ѓ. кој бил ангажиран од страната на тужениот ја прифатил пресметката како точна и на тој начин е извршено усогласување помеѓу вештите лица. И полномошниците на странките на последниот расправен записник истакнаа дека немаат забелешки по однос на усогласувањето.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-569/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право