Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-38/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 948.80 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-38/21

(...) „Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека првостепениот суд им поклонил целосна верба на фотографиите од ТВ К. 5, бидејќи првостепениот суд правилно и целосно ја утврди фактичката состојба врз основа на сите изведени докази во текот на постапката како и изјавите на сослушаните сведоци. Овој суд смета дека првостепениот суд од супервештачењето и од изјавите на сослушаните сведоци, посебно изјавите на сведоците В. В., патник на автобусот на денот кога се случила несреќата кој лично се уверил дека воланот вртел на празно, сведокот А. Ѓ., полицаец кој го обезбедувал местото на настанот и Н. И., кој го возел истиот автобус и во 2014 година и исто му откажал воланот, правилно ја утврди фактичката состојба и му поклони верба на нивните искази, а не поколни верба на исказите на сведоците И. Т., М. Ј., Н. Ј., како и исказот на управителот на тужителот, бидејќи техничкиот преглед над автобусот не бил на денот на сообраќајната незгода, туку ден после тоа, а од супервештачењето се утврди дека причина за излетување на автобусот од коловозот била откажување на управувачкиот механизам. Согласно чл. 156 ст. 1 од ЗРО, работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести. Во конкретниот случај како се утврди во текот на постапката тужениот ниту намерно, ниту од тешка небрежност му предизвикал штета на работодавачот. Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд немал во предвид дека системот за управување на автобусот бил направен така што не можело да се случи да управувачот може слободно да се врти во празно, бидејќи од супервештачењето произлегува дека причина за излетувањето на автобусот од коловозот било откажување на управувачкиот механизам, односно воланот на автобусот. Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека од ниту еден изведен доказ во текот на постапката не произлегло дека автобусот бил поправен во делот на системот за управување, бидејќи правилно првостепениот суд со супервештачење утврди која била причината за настанување на сообраќајната незгода и правилно утврди дека нема вина на страна на тужениот и нема обврска да му ја надомести штетата на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-18/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право