- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 919.49 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 6, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-176/22
(...) „Неспорно е дека согласно одредбата од чл. 11 ст. 3 од ЗПП, во парничната постапка судот во однос на постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност на сторителот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен. Од ваквата одредба, неспорно произлегува дека само во ситуација на утврдена вина на одредено лице во сообраќајна несреќа граѓанскиот суд е врзан со ваквата одлука на кривичниот суд, а не и во случај кога обвинетиот е ослободен од обвинение, бидејќи не му е утврдена вина. Меѓутоа без оглед што сега тужениот е ослободен од обвинение во прекршочната постапка, истото не го ослободува штетникот од граѓанско - правна одговорност за надоместување на штетата, туку неговата вина ќе се утврдува во парнична постапка, каде судот е врзан само во поглед на постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност, но не врзан и во поглед на утврдувањето на фактите за постоењето на одговорноста за штетата чиј надомест се бара во овој спор.
Согласно чл. 156 од ЗРО работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести. Меѓутоа, во конкретниот случај согласно член 156 од ЗРО, тужителот би имал основ да побарува надомест на материјална штета од тужениот само доколку истиот намерно или од тешка небрежност му причинил штета. При ваква состојба, кога тужителот не докажа дека тужениот штетата ја причини намерно или од тешка небрежност во смисла на погоре наведената одредба од ЗРО, од ирелевантно значење е изготвеното вештачење предложено од страна на тужителот. Од сообраќајното вештачење на кое се повикува тужителот истиот не докажа дека штетата била направена намерно и од тешка небрежност од страна на тужениот. Поради тоа неосновано е тужбеното барање на тужителот за надомест на штета и при ваква состојба, нема потреба од усогласување на вештите наоди и да се определи евентуално супер вештачење како што наведува тужителот во жалбата.”