Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-170/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 1.01 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 1, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-170/22

(...) „Во чл. 141 од ЗОО, е предвидено дека тој што со вина ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести.

Во чл. 142 од истиот закон, е предвидено дека штетата е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречување на неговото зголемување (испуштена корист) како и за повреда на личните права.

Во чл. 9а ст.1 од ЗОО, е предвидено дека секое физичко и правно лице покрај заштитата на имотните права има право и на заштита на своите лични права, согласно со закон, а во ст. 2 од истиот член е регулирано дека како лични права се подразбираат правата на живот, телесно и душевно здравје, чест, углед, достоинство, личен имот, приватност на личниот и семејниот живот, слобода, интелектуално творештво итн.

Во конкретниот случај, не станува збор за повреда на работа, или во врска со извршување на работите и работните задачи, туку станува збор за повреда кога тужителката одела на работа, а како повреда на работното место се смета и времето кога работникот оди на работа, и се враќа од работното место. Во извештајот од ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија СВ Е. од 14.02.2019 година, во делот на анамнеза и наод стои дека тужителката се повредила одејќи на работа, се лизнала, при што го скршила левиот скочен зглоб. Тужителката се повредила непосредно пред кругот на фабриката, бидејќи снегот не бил исчистен, а теренот бил лизгав. Дека теренот не бил исчистен од снегот, и дека бил лизгав произлегува од исказите на сведоците З. С. и сведокот М. М., кои во своите искази потврдија дека критичниот ден имало многу снег, а теренот бил лизгав. Точно е дека сведокот З. С. и М. М. не биле присутни кога тужителката се повредила, меѓутоа З. С. од нејзините колешки слушнала дека тужителката паднала на скалите и се повредила. По некое време ногата на тужителката почнала да отекува, и се јавила на лекар. Нејасно е зошто тужениот се повикува и на фактот дека не му било познато дека тужителката се повредила на работа, и дека не е составена пријава за несреќа при работата, кога согласно чл. 36 ст. 1 од Законот за безбедност и здравје при работата, работодавачот е должен веднаш, а најдоцна до 48 часа од настанот писмено да го извести органот на Државната управа, надлежен за работите на инспекцијата на трудот, репрезентативниот синдикат или преставникот на вработените, таму каде што нема синдикат. Во чл. 163 од ЗОО, е предвидено дека имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се тргне ниту да се отстрани. Имателот на предметот се ослободува од одговорноста делумно, ако оштетениот делумно придонел за настанување на штетата.

Во конкретниот случај не станува збор за опасен предмет, или опасна дејност за да може имателот на предметот, односно тужениот да се ослободи од одговорност или пак да се ослободи од одговорност делумно ако оштетениот делумно придонел за настанување на штета, туку во случајот имаме исклучива вина на страна на тужениот што не обезбедил пристап до фабриката каде тужителката ги извршува работните задачи, а причина за тоа е што не го исчистил дворот од замрзнатиот снег.

Во смисла на чл. 189 од ЗОО, правилно првостепениот суд на тужителката и досудил надомест на штета за претрпени физички болки, за претрпен страв и за претрпени душевни болки поради намалена животна активност, што претставува справедлив паричен надоместок, а при одлучувањето судот водел сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физичките болки, душевните болки заради намалена животна активност, како и претрпениот страв. Судот водел сметка при досудувањето на износите, досудениот надомест на нематеријална штета за повреда на личните права да не е во спротивност со стремежите кои не се спојиви со неговата природа и општествената цел.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-168/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право