Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-283/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.01 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 5, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-283/21

(...) „Судот врз основа на исказите на тужените и сослушаните сведоци и сите други изведени докази неспорно утврди дека покрај тужените во продавницата работни задачи извршувале и вработени во друг објект како вработени во продавницата бр. 5 дека доаѓале вработени на еден месец кои потоа заминувале и сите тие кои извршувале работни задачи во продавницата во спорниот период вршеле секакви работни задачи како продавачи, касиери, примачи на роба и слично, односно немале точно и конкретно определено работно место. Исто така од исказите на тужените дадени во својство на странка како и исказите на сведоците се утврди дека се случувало кај тужителот да се фрла роба со поминат рок, но без притоа да истите знаат дали таа роба била попишана или не, била подигната роба од страна на трети лица без за тоа да се води никаква евиденција.

Жалбениот навод дека било нејасно зошто судот не дал одговор на прашањето што станало со остатокот од износот кој се побарува од тужените до износот од кусокот од 82.532,00 денари, по мислење на овој суд е неоснован. Ова од причина што судот одлучувал по конкретно тужбено барање, односно онака како е поставено во тужбата, а од тужбата видно е дека од трите тужени се бара да се исплати износ од по 13.755,33 денари.

Во жалбата се наведува и тоа дека неспорно било дека целокупната постапка за спроведување на пописот тужителот ја спровел правилно и законито согласно Правилникот за попис, што произлегувало од предложените и приложени докази, а од страна на тужените не биле доставени докази со кои тие ќе ги потврделе своите искази.

Овој суд и ваквите жалбени наводи не ги прифати како основани, од следните причини:

Судот во образложението на пресудата јасно се произнесе на сите околности за тоа на кој начин била спроведена целокупната постапка. Имено, од увидот во одлуката за усвојување на извештајот за попис судот утврди дека во истата било наведено дека износот од 82.532,00 денари треба да се распореди меѓу сите вработени во подружницата со тоа што сразмерно определниот износ да се враќа со задршка од плата од вработените во законски утврдената граница. Наведената одлука нема правна поука за заштита. Исто така судот утврди и тоа дека извештајот за попис воопшто не им бил доставен на вработените, туку едноставно без никакво обрзложение тужителот извршил задршка на плата од вработените. Поради тоа од страна на тужените била известена и Трудовата испекција која при извршениот испкекциски надзор утврдила неправилност во постапувањето во насока на тоа дека тужителот незаконски постапил и извршил задршка на наведените износи. Од тие причини на сите вработени на кои тужителот му извршил задршка на плата истиот износ му бил вратен. Тужените јасно во своите искази наведуваат дека истите само усно биле известени за наводно постоечкиот кусок и самите побарале повторно вршење на нов попис, но тоа не било сторено.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-429/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право