- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 172.00 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 9, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-209/21
(...) „ Во член 160 од Законот за облигационите односи е предвидено дека, за штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа. Во член 163 од истиот Закон, е предвидено дека имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина која се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди ниту да се избегне или отстрани. Во точка 3 од овој член е предвидено дека имателот на предметот се ослободува од одговорноста делумно ако оштетениот делумно придонел за настанување на штетата.
Во конкретниот случај првостепениот суд неправилно ја утврдил фактичката состојба од причини што не го ценел наодот и мислењето на вештото лице Р. П., дипломиран градежен инженер, ниту пак неговиот исказ даден на расправата пред првостепенот суд. Првостепениот суд прифатил дека до незгодата дошло поради невнимание на тужителот, меѓутоа во конкретниот случај не го имал предвид фактот дека станува збор за опасна дејност за која се одговара без оглед на вината, туку се цени само доприносот на тужителот во причинување на штетата.”