- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1,013.77 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 8, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-284/21
(...) „по мислење на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека пројавениот кусок во работењето кај тужителот при спроведениот попис во 2016 год. за периодот од 01.01.2016 год. - 31.12.2016 год. не може да се припише како вина на тужените, односно дека кусокот е предизвикан од тужените при работењето поради нивната небрежност или намерно, па поради недокажана вина за настанатата штета на страната на тужените не може да се бара нивна одговорност како што е предвидено во чл. 156 од ЗРО. Како може тужениот да вработува работници без точно да знае на кое место засноваат работен однос и без да се знае описот на работните задачи. При состојба кога тужените извршувале секаков вид на работни задачи, а во продавницата постојано се менувале работници без задолжување и раздолжување, негова е и вината за причинетата штета.”