Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/22

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 926.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 21, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/22

(...) „Првостепениот суд од договорот за вработување утврдил дека работниот однос е заснован на определено време од 12 месеци. Прифатил дека тужениот го раскинал договорот за вработување пред истекот на рокот, а работел кај тужителот нешто повеќе од 2 месеци, а бидејќи се согласил ако не го најавил отказот 3 месеци однапред, на фирмата е должен да и исплати износ од 30.000,00 денари.

Со ваквиот заклучок на првостепениот суд, овој суд не се согласува, бидејќи основано во жалбата се укажува дека согласно пријавите доставени во списите по предметот М1/ М2, тужениот бил пријавен кај тужителот на определено време за 3 месеци, а согласно договор за вработување од 12.03.2021 година, работниот однос е заснован од 12 месеци како утврди првостепениот суд. При одлучувањето за првостепениот суд било ирелевантно што било наведено во пријавите кога договорот за вработување бил заснован од 12 месеци, меѓутоа овој суд смета ако тужителот бил пријавен на вкупно 3 месеци, не може однапред да го најави отказот од 3 месеци.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право