- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 907.98 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 5, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-242/22
(...) „Согласно чл. 102 ст. 1 од ЗРО ако судот донесе правосилна одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа, ако тоа го бара, а согласно ст. 2 од овој член, покрај враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа по престанокот на работниот однос.
Со оглед дека во конкретниот случај, со пресуда на Врховниот суд на РСМ Рев.3.бр.124/20 од ден 01.12.2020 година, решението бр.04-141/1 од 09.08.2018 година со кое на тужителот му бил откажан договорот за вработување било поништено и бил задолжен тужениот да го врати тужителот на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, правилно првостепениот суд прифатил дека во овој случај на тужителот незаконски му престанал работниот однос на 09.08.2018 година па се до 22.02.2021 година кога истиот бил вратен на работа, па согласно горецитираниот чл. 102 ст. 2 од ЗРО, тужениот е должен да му исплати на тужителот надомест на штета изразена како неисплатена нето плата, како и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, а во висина на платата која ја примал пред донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување. При одлучувањето за висината на штетата судот го прифатил наодот и мислењето на вештото лице м-р К. Ј., според кој за спорниот период висината на штетата на име неисплатена нето плата изнесувала вкупно 421.943,00 денари, додека придонесите за ПИО се во вкупен износ од 113.141,00 денари, а персоналниот данок во износ од 19.591,00 денари.”