- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 1.05 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 1, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-261/22
(...) „Во конкретниот случај од изведените докази се утврди дека тужителката се повредила на работа при вршење на нејзините работни задачи како чистачка, при што повредата настанала како резултат на тоа што не и биле обезбедени соодветни средства за работа.
Воедно станува збор за работно место на кое постои зголемен ризик од повреди, бидејќи работа се извршува со качување на скала, а работодавачот треба да му обезбеди за извршување на работните задачи на работникот скала со задоволителна стабилност и цврстина како и чевли кои не се лизгаат. Потврда за наведеното е изјавата за безбедност со акт за проценка на ризик од 13.12.2013 година во која е наведено дека работните задачи за бришење на прозорци треба да се извршуваат со скала. Од истата изјава произлегува дека работното место чистачка е со зголемен ризик.
Тоа што во конкретниот случај на тужителката не и била обезбедена скала како е погоре наведено согласно изјавата за безбедност со акт за проценка на ризик, произлегува дека на тужителката не и била дадена соодветна заштитна опрема за работното место. Фактот дека немало скала се потврдува и од изјавата на законскиот застапник на тужениот сведокот В. С.
Тужениот за овој вид на штета одговара без оглед на вина и во отсуство на неа, по принципот на објективна одговорност од причина што станува збор за опасна дејност кога работата се врши со качување на висина и на работно место со постои ризик од паѓање и повреди. Тужениот не докажа дека на денот кога се случила повредата во 2019 година на тужителката и обезбедил телескопска четка или скала.
Овој суд ги имаше наводите на тужениот дека ги презел сите мерки за заштита и безбедност при работа и дека на негова страна не постоела одговорност, меѓутоа овој суд смета дури и да ги презел сите мерки истиот одговара по правилата на објективна одговорност, без оглед на вината од причина што работното место на кое работела, односно дејноста на тужителката сама по себе носи зголемен ризик.”