Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-125/21

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 1.26 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 19, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-125/21

(...) „Согласно Колективниот договор на тужениот член 85 став 1 и 2 алинеја 1, додатоците на плата се определуваат за посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа: за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, продолжена работа, работа во недела, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж и работен стаж во ЈКП (сталност).

Основната плата на работникот се зголемува најмалку по час за работа во смени за 5%.

Согласно член 83 од истиот Колективен договор, работната успешност на работникот се определува во зависност од домаќинскиот однос на работникот кон работата, обемот и квалитетот на извршената работа и согласно покажаните резултати во текот на месецот при што основната плата може да му се зголеми до 30%.

Во член 83 во работна успешност определени се шест критериуми по кои на работникот може да му се зголеми платата до 30% и за секој критериум е определен процент до 5%.

Основани се жалбените наводи на тужениот дека при одлучувањето судот немал во предвид дека и двете вешти лица прифатиле дека за предметниот период зголемена е платата на тужителот од 15%, па не се прифаќаат наводите на првостепениот суд дека за предметниот период во исплатните листи на тужениот немало посебна ставка за зголемување на платата за работа во смени за 5%, како што била на пример во исплатната листа за месец 09-ти 2019 година и не може да се прифати дека тужениот го исплатил додатокот на плата од 5% за разлика во смени.

Ваквите жалбени наводи се основани бидејќи, видно и од наодот на вештото лице на тужениот наведено е за што е зголемена основната плата од 15% од октомври 2016 заклучно со август 2019 година, бидејќи на тужителот покрај работа во смени кои му биле исплатени 5%, зголемена му била платата за домаќинско работење 5%, за обем во работа 2% и квалитет за работа 3%. Овој износ на зголемување на платата прикажан е во исплатните листи на тужителот во ставката по време кога за предметниот период му е исплаќан износ од 115%.

Основани се жалбените наводи на тужениот дека не може да се прифати тврдењето на тужителот дека зголемувањето на платата од 115% може да се однесува исклучиво по критериуми за работна успешност на тужителот, бидејќи согласно член 83 од Колективниот договор на тужениот платата на тужителот по основ на работна успешност може да се зголеми до 30%, но не мора да се зголеми, а додека платата на тужителот за додатокот на работа за работа во смени е право на тужителот и тужениот за предметниот период морал да ја зголеми платата на тужителот што значи дека во предметниот период има зголемување по време од 115%, во кое влегува и додатокот за работа во смени од 5%. Тоа значи дека иако нема посебна ставка кај тужениот за предметниот период за исплата на додатокот на плата за работа во смени, погрешно заклучил првостепениот суд дека овој додаток не е исплатен кога и двете вешти лица се согласуваат дека за предметниот период има зголемување на платата на тужителот.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-109/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право