Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-306/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 922.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 5, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-306/22

(...) „Во конкретниот случај, од сите изведени докази, а пред се од дополнителното супервештачење неспорно се утврди дека на предметниот багер не е предизвикана штета од страна на тужениот, за да истиот има обврска таквата штета да му ја надомести на тужителот, односно нема вина за настанатата штета од страна на тужителот.

По мислење на овој суд, првостепениот суд постапувајќи по напатствијата на Апелациониот суд, правилно и целосно ја утврди фактичката состојба и правилно го применил материјалното право, кога му го одбил тужбеното барање на тужителот. Ова од причини што од изготвеното дополнително вештачење од страна на Бирото за судски вештачења, неспорно произлегува дека дефектот на багерот не е предизвикан од страна на тужениот, односно дека причина за дефектот не бил отстранетиот термостат, туку неуредното одржување на моторот на багерот и неговата дотраеност. Во контекст на дополнителното супервештачење се надополнуваат и изјавите на тужениот, како и изјавите на сведоците Б. Н. и Д. З., кои изјавија дека од предметниот багер бил изваден само термостатот, а не и куќиштето, како и дека багерот имал проблеми со системот за ладење, како и со моторот, за што имало потреба постојано да се дотура моторно масло. По однос на изјавите на сведоците, судот изврши нивно соочување помеѓу тужениот и сведокот Б. Н., при што сведокот потврди дека како поранешен претпоставен на тужениот на 25.12.2018 година и наредниот ден го управувал багерот во исправна состојба пред магацинот на тужителот, а од страна на мајсторот Г. кој бил повикан од тужителот во присуство на сведоците и на тужениот го отстранил само термостатот од багерот и му наложил на тужениот слободно да го управува багерот се до моментот дури не започнало да се покачува температурата на моторот.

Од сето погоре изнесеното, а пред се од дополнителното супервештачење, како и од изјавите на тужениот и сведоците, несомнено судот утврдил дека причина за настанатата штета на багерот е константното неодржување на моторот на багерот од страна на тужителот, како и од дотраеноста на моторот. Тужениот во деновите 25 и 26.12.2018 година, во присуство и согласност на неговите претпоставени го управувал бегерот без термостат, од што произлегува дека отстранетиот термостат не бил причина за настанатата штета.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-314/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право