- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.26 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 19, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-125/21
„Согласно член 83 од истиот Колективен договор, работната успешност на работникот се определува во зависност од домаќинскиот однос на работникот кон работата, обемот и квалитетот на извршената работа и согласно покажаните резултати во текот на месецот при што основната плата може да му се зголеми до 30%.
Во член 83 во работна успешност определени се шест критериуми по кои на работникот може да му се зголеми платата до 30% и за секој критериум е определен процент до 5%.
Ваквите жалбени наводи се основани бидејќи, видно и од наодот на вештото лице на тужениот наведено е за што е зголемена основната плата од 15% од октомври 2016 заклучно со август 2019 година, бидејќи на тужителот покрај работа во смени кои му биле исплатени 5%, зголемена му била платата за домаќинско работење 5%, за обем во работа 2% и квалитет за работа 3%. Овој износ на зголемување на платата прикажан е во исплатните листи на тужителот во ставката по време кога за предметниот период му е исплаќан износ од 115%.
Основани се жалбените наводи на тужениот дека не може да се прифати тврдењето на тужителот дека зголемувањето на платата од 115% може да се однесува исклучиво по критериуми за работна успешност на тужителот, бидејќи согласно член 83 од Колективниот договор на тужениот платата на тужителот по основ на работна успешност може да се зголеми до 30%, но не мора да се зголеми, а додека платата на тужителот за додатокот на работа за работа во смени е право на тужителот и тужениот за предметниот период морал да ја зголеми платата на тужителот што значи дека во предметниот период има зголемување по време од 115%, во кое влегува и додатокот за работа во смени од 5%. (...)”