Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-219/21

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 919.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 1, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-219/21

(...) „Согласно чл. 117 ст. 1 од ЗРО, работникот е должен по барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време. Согласно ст. 5 од истиот член, работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремена работа и часовите за прекувремена работа да ги наведува во месечната пресметка на плата на работникот. Согласно чл. 170, 171 и 172 од Колективниот договор на МВР, вонреден работен додаток на плата се исплаќа за работа подолга од полното работно време - прекувремена работа. Од ова произлегува дека правото на додаток на плата за работа подолга од полното работно време - прекувремена работа е законско право кое работодавачот не може да му го ускрати на работникот по ниту еден основ и работодавачот е должен да ја исполни својата обврска која произлегува од ЗРО.

Ваква обврска на тужениот произлегува и од Законот за внатрешни работи каде е предвиден вонреден работен додаток на плата за работа подолга од полното работно време. Доколку тужениот сметал дека на тужителот не му следува вонреден додаток на плата како што сега тврди во жалбата, имал можност со свое вештачење да го докажува тоа, да истакнува приговори и на вештачењето, но тужениот тоа не го стори.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-236/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право