Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-162/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.01 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 6, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-162/21

(...) „Во чл. 178 од Законот за облигационите односи е предвидено дека оштетениот има право како на надомест на обична штета, така и на надомест на испуштена корист. При оцена на висината на испуштената корист се зема предвид добивката што можела основано да се очекува според редовниот тек на работите или според посебни околности, а чие остварување е спречено со штетниковото дејствие и пропуштање на оштетениот. Во секој случај во смисла на цитираната одредба испуштената корист треба да биде последица на штетниковото дејтвие или пропуштање, а се досудува само во случај кога оштетениот имал намера таквата корист да ја оствари. Во конкретниот случај не се докажа дека штетата е причинета од тужениот со негови дејствија од причини што ниту од Законот за здравствена заштита, ниту од Колективниот договор за здравствена дејност произлегува облигаторна обврска на работодавачот работникот кој е упатен на специјализација или супспецијализација да биде распоредуван на дежурства. Исто така, за меѓусебните права и обврски согласно чл. 147 од Законот за здравствена заштита се склучува договор за специјализација или супспецијализација и во овој договор никаде не е предвидено дека тужителот за време на супспецијализација треба да биде распореден на дежурство од причини што во случајот станува збор за стручно оспособување и усовршување за потребите на здравствената установа. Тоа што за време кога началник на Одделението бил д-р Р., кој тужителот и останатите специјализанти ги распоредувал на дежурства не е од влијание во конкретниот случај од причини што како е наведено погоре не може тужителот да очекува добивка кога ниту од Законот за здравствена заштита ниту од Договорот за вработување не е преземена обврска од тужениот тужителот да го распоредува на дежурства.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 1194 13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право