- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.36 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 17, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-395/21
(...) „Согласно член 68 став 2 од Колективниот договор за социјална заштита од 13.07.2006 година за работа во денови на празници утврдени со закон, работникот има право на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Согласно член 53 став 1 алинеја 4 од КД за социјална заштита од 04.12.2019 година работникот има право на додаток на плата за работа за време на празници утврдени со закон, а согласно став 5 од истиот член работникот кој бил ангажиран да работи за време на празник има право на онолку слободни часови односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време. Согласно став 6 од истиот член слободните часови, односно денови во тековниот месец работникот ги користи до крајот на наредниот месец, по месецот во кој бил ангажиран. Согласно став 7 од истиот член доколку на работникот не му се обезбеди користење на слободни часови, односно денови согласно со став 6 на овој член, му се исплатува додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.
Во конкретниот случај тужителката побарува додаток на плата за работа во празник за периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2019 година, односно за време на важењето на Колективниот договор од 2006 година. Тужителката имала ефективно сработени саати за време на празник. Тужениот на тужителката додаток на работа за време на празник и исплаќал согласно Општиот колективен договор со зголемување во процент од 42%, иако со Колективнот договор за социјална заштита од 2006 година кој бил во важност во утужениот период, односно до 04.12.2019 година, од кога престанува да важи тој колективен договор и почнува да важи новиот колективен договор, а требало да и исплаќа со зголемување од 50%, поради што се јавува разлика која во нето износ изнесува 1.484,18 денари. Со оглед на тоа дека тужениот не и исплаќал согласно одредбата од Колективнот договор за социјална заштита од 2006 година според кој и следувало, туку според Општиот колективен договор за јавниот сектор во кој е утврден помал процент за пресметка на ваквиот додаток, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот е должен да и ја исплати разликата која произлегува од исплатениот додаток и оној кој требало да и биде исплатен.”