Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-382/22

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 1.01 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 23, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-382/22

(...) „Во конкретниот случај, тужениот како работодавач е одговорен за причинетата штета согласно член 159 од ЗОО според кој штетата настаната во врска со опасен предмет или дејност чие вршење претставува зголемена опасност од настанување на штета за околината - опасна дејност одговара имателот на предметот. Во случајот, неспорно е дека штетата настана од вилушкарот кој е во сопственост на тужениот, а кој факт го утврди и првостепениот суд, а вилушкаристот бил вработен кај тужениот.

Со самиот факт вилушкарот кога е во движење и е натоварен и врши маневри кога го остава полниот кош, претставува опасен предмет и постои зголемена опасност и можност од настанување на штета за околината, говори за тоа дека тужениот по принципот на објективна одговорност одговара за штетата што настанала од овој предмет. Одговорноста на тужениот произлегува како работодавач, односно негов имател и истиот е должен да му ја надомести штетата на тужителот согласно чл. 159 од ЗРО и според општите правила на одговорност за надомест на штета.

Штетното дејствие е во дирекна причинска врска со движењето на вилушкарот и испуштањето на палетата со тутун која го нагази стапалото на тужителот со што му нанел фрактура, од што јасно произлегува обврската на тужениот како работодавач за надомест на нематеријалната штета на тужителот во смисла на член 159 од ЗРО.

Овој суд имајќи ја во предвид утврдената фактичка состојба од првостепениот суд најде дека погрешен е заклучокот на првостепениот суд дека штетата настана исклучиво со дејствие на оштетениот, односно причина за повредата на тужителот е неговото невнимание, бидејќи така било наведено во записникот составен од надлежен орган на кого судот му поклонил целосна верба и бидејќи тужениот ги имал преземено мерките за безбедност и здравје на вработените.

Овој суд е на мислење дека првостепениот суд не може само врз основа на записникот од Државниот инпекторат за труд да извлекува заклучок дека штетата настанала исклучиво со дејствие на оштетениот, ако се има во предвид како утврди првостепениот суд дека незгодата настана при манипулација со вилушкарот. Според тоа за причинетата штета тужениот одговара по принципот на објективана одговорност, без оглед на вината, поради што овој суд жалбата на тужителот ја уважи, а пресудата ја преиначи на начин што делумно му го уважи тужбеното барање на тужителот и го задолжи тужениот да му ги исплати на тужителот, надомест на нематеријална штета поради повреда на лични права вкупен износ од 400.000,00 денари имајќи ги во предвид интензитетот и времетраењето на физичката болка, стравот и душевната болка за намалената општа животна активност и нагрденост, од кои: за претрпени физички болки
износ од 120.000,00 денари, за претрпен страв износ од 80.000,00 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 140.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради нагрденост износ од 60.000,00 денари со ЗКК од пресудувањето до исплатата како правичен досуден надоместок.

Бидејќи штетата настана од вилушкарот при вршење на манипулација, а тужениот не докажа дека штетата настана исклучиво со дејствие на оштетениот - тужителот, со оглед дека станува збор за опасен предмет во движење и потребна е и зголемена претпазливост при неговото управување, особено кога се врши манипулација, се врти и се остава полниот кош, во смисла на член 159 и член 160 од ЗОО и чл. 159 од ЗРО, за штетата настаната од опасен предмет одговара неговиот сопственик, во случајот тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-422/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право